Опаѓа бројот на болни од грип!

Објавено на 8 март, 2013 во 13:30

За околу 24 отсто е намален бројот на нови заболени од грип споредено со претходниот период.

Последната недела во Институтот за јавно здравје од цела држава се пријавени 2.252 лица со симптоми на грип. Со новите случаи на грип, вкупниот број на заболени за оваа сезона се искачи на околу 16.000, и седум жртви. Најмногу болни се јавиле во февруари, околу 10.000 што е 65 отсто од вкупниот борј на грипозни за цела сезона.

Предвидувањата на епидемилозите  се дека и во наредните недели ќе опаѓа бројот на болни, но не ја исклучуваат можноста за  лесни варијации на новозаболените на неделно ниво, бидејќи за следната недела се најавува нагло заладување.

Годинава најголем е бројот на заболени  на возраст од 15 до 64 години, а децата до 4 години и понатаму начесто се разболуваат. Сезонава циркулираат  двата вида на грип А и Б, а доминантен е Х1Н1. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.