Сите тајни на маскарата!

Објавено: 8 март, 2013, во 11:11 часот

Која маскара да ја купам е прашање, која ја мачи секоја дама која сака добро да се нашминка.

И додека секојдневно излегуваат нови маскари, постојат неколку вистини кои ви помагаат за донесување на правилна одлука во купувањето на кој тип маскара…

 

Одберете маскара која одговара на видот на вашите трепки, не е секоја маскара за секое око. Некој има тенки трепки, некој има кратки. Затоа некому одговараат маскари со волумен, а некому оние полесните. Не верувајте на рекламите, купете она што одговара на вашите очи и им дава најдобар ефект! Затоа и шминкерите комбинираат повеќе маскари за да го добијат посакуваниот ефект.

Маскарата се нанесува на крај! Откако нанесовте пудра и сенки, ставете маскара. Колку дебел слој ќе нанесете, зависи од вас, каков ефект сакате да постигнете. Важно е трепките да изгледаат природно, а не вештачки.

Русокосите не смеат да носат црна маскара, не е вистина, затоа што на сите стои црна маскара, а посебно на русокосите. Битно е да се истакнат трепките, а дали е кафена или црна се едно е!.

Не треба да се вметнува четкичката неколку пати во тубата, додека не фати доволно боја. Доволно е еднаш, за да на четката не остане премногу боја, а со тоа и мали парчиња се нанесуваат на трепките.

Се нанесува и на долните трепки, нежно и без парчиња боја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.