Вечерва на полноќ истекува дополнителниот рок за листите со кандидатури!

Објавено на 8 март, 2013 во 08:59

Опозицијата најави дека согласно дополнителниот законски рок за локалните избори во Општинските изборни комисии ќе ги поднесе кандидатурите на градоначалниците и советничките листи за сите општини во Повардарскиот регион.

За поголем дел од општините веќе се познати имињата на кандидатите за градоначалници од СДСМ и од коалицијата  Сојуз на иднината, а привршува постапката и изготвувањето на советничките листи.

Повеќе партиски општински организации веќе ги потврдиле советничките листи.

Според информации од Либералната партија ќе бидат поднесени и листи за советници и за неколку градоначалници. Либералите ќе поддржат и кандидатури на градоначалници кои не се од нивните редови. Промоција на кандидатите најавија за утре, сабота, 9 март.

Инаку следејќи ги упатствата на Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии, ја прилагодија работата согласно продолжувањето на роковите за доставување кандидатури.

ДИК, планира во недела да го изврши дополнителното жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање.

Како што претходно појаснија од ДИК, нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март, на полноќ.

Денеска треба да се знае која печатница ќе ги печати избирачките ливчиња и оти тие и покрај продолжените рокови, ќе бидат испечатени и дистрибуирани навреме./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.