Кавадарци: Црвенковски- “Време е за нов почеток и крупна одлука“!

Објавено: 7 март, 2013, во 20:50 часот

“На 24 март мораме да им наплатиме за се што ни направија во овие седум години. За сите украдени пари, за рекетот по фирмите, за погазеното достоинство,“ ваква порака им упати вечерва лидерот на “Сојузот за иднината“, Бранко Црвенковски на кавадарчани од предизборниот митинг.

Тој уште еднаш потврди дека предвремени парламентарни избори ќе имало, независно од тоа како ВМРО-ДПМНЕ го читале и преведувале договорот со меѓународната заедница.

“Бојкотот е прекинат, отпорот продолжува до крај, до конечна победа. Ние во Кавадарци со изборот на Бетиан Китев го направивме вистинскиот избор. Сега е потребно и вие истото да го направите на 24 март. Не направија земја во која што луѓето се плашат да збоат на телефон, а за политика кога разговараат мора да шепотат. Време е за нов почеток, за крупна одлука. Изборите се можност да покажеме дека не е само онаа Македонија на Груевски, туку дека има и друга, вистинска Македонија која е побројна“ рече Црвенковски.

“Со мојот избор за градоначалник јас ќе станам лидер на лозарите. Лозарите мора да добијат еднаш за секогаш гаранитрана откупна цена на грозјето. Почна почетокот на крајот на оваа власт .Ова  битка не е битка за кариери, ова е битка за сите нас, за нашите семјества,за нашиот град. Првиот ден откако ќе станам градоначалник ќе го објавам јавно мојот  и имотот на моето семејство“ рече кандидатот за градоначалник на Кавадарци од “Сојузот за иднината“, Бетиан Китев.

Кажа дека секогаш вратата на неговиот кабинет ќе била отворена за сите граѓани, а посебно за оние со социјално кршлив статус.Најави целосна ревизија на работењето на актуелната локална самоуправа.

“Конечно ќе го решиме водоснабдувањето, ќе изградиме нов современ градски пазар. Ќе добивате пониски сметки за вода. Ќе го решиме проблемот со паркирањето“ ова се само дел од проектите кои им ги вети Китев на своите сограѓани и како што рече ги има во програмата на Сојузот за иднината/ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.