ВМРО-ДПМНЕ: “Со дела бараме втор мандат за Александар Панов“

Објавено: 6 март, 2013, во 21:31 часот

Од град на виното и грозјето во град на индустрија во кој ќе се произведуваат делови за автомобили. Тоа ќе биде Кавадарци, им вети на кавадарчани вечерва на предизборниот митинг на коалицијата “За подобра Македонија“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според него опозицијата во изборната трка одржувала митинзи таму каде што претходната вечер биле ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери.

“Бранко уште долго ќе одиш позади нас и ќе каскаш. Со таков ум ќе се бориш само за второ место“ рече Груевски.

Тој од кавадарчани ја побара довербата за кандидатот Александар Панов затоа што, како што рече, тој поседувал извонреден капацитет кој исклучително го покажал при привлекувањето на германски “Дрекслермаер“ исполнувајќи ги сите барања на инвеститорот, со што помогнал за отворање на 4.000 вработувања во наредните неколку години.

“Дела се потребни, а во Кавадарци  нив неможат да ги видат само кусогледите и љубоморни опозиционери“ рече кандидатот за градоначалник, Александар Панов. Ги наброја сите досега реализирани проекти во неговиот прв мандат, а за најзначајни ги издвои плоштадот на кој се одржа митингот, реконструираната спомен костурница, изградениот кеј на реката Луда Мара, изградените патишта, реновираните образовни и културни објекти и отпочнувањето на изградбата на петте мини хидро централи.

Тие се неколку од вкупно 166 што Панов планирал да ги сработи доколку ја добие довербата на своите сограѓани.

“На утрешниот митинг на нашите опоненти би сакал да им поставам само едно прашање. Нека испаднат тука и нека набројат барем пет проекти кои што ги реализирале во овие 20 години. Со тоа ќе имаат за што да излезат на овие избори. Да сум на нивно место би прифатил 3:0, и не би одел на катастрофални 6:0 во Кавадарци“ рече Панов.

Пред кавадарчани беа промовирани носителот на листата, Горица Пеливанова-Вилхелм и 18-те кандидати за советници во Советот на општината. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.