Китев: “Одиме на избори. Ова ќе бидат едни од највалканите“!
Кандидатот за градоначалник на здружената опозиција за Кавадарци, Бетиан Китев, денеска најави интензивна предизборна кампања.
Повика на единство бидејќи овие избори ги сметал за историска битка за европско Кавадарци. Очекува дека овие избори ќе бидат едни од највалканите и водени со насилни методи.
“Како еден и единствен кандидат на СДСМ и коалицијата за Кавадарци, пред се сакам да Ви се заблагодарам за досегашната подршка, за упорноста, неколебливоста и истрајнноста во нашите заеднички цели, во борбата против диктатурата и едноумието кое владее во државата. Наспроти пропагандата и дезинформациите кои се пласираат преку провладините медиуми , Ве известувам дека нашето клучно барање за постигнување договор за предвремени парламентарни избори е постигнато. Одиме на избори! Почитувани, доста беа поделби, доста беа лаги и манипулации, ајде сите заедно да застаниме и да кажеме стоп на криминалот, ајде сите заедно да направиме чекор кој ќе значи ставање темел на ново европско Кавадарци. Демократијата во Р.Македонија мора да завладее… време е.“ рече Китев на прес конференцијата. / А.Д