Маргаринот е закана за срцето!
Објавено: 4 март, 2013, во 09:25 часот
Во седумдесетите години на 20-от век, путерот беше прогласен како главен виновник за настанувањето на атеросклерозата, а прехрамбената индустрија веднаш понуди алтернатива – маргарин.
Царството на маргаринот како „здрава“, скоро идеална замена за путерот, траело цели 20 години, т.е. сè до сознанието дека во текот на неговиот технолошки производствен процес се создаваат потполно нови, за организмот непрепознатливи, трансизомери. И тогаш улогите се замениле; путерот се почесто се враќа на трпезата (со умерено консумирање). А маргаринот?
Во процесот на производство на маргарин се користат растителни масла, вода и обезмастено млеко. Во технолошкиот производствен процес на маргаринот настануваат и транс масни киселини, од кои маргарин всушност се состои.
Овие масни киселини имаат големо влијание врз процесот на згрутчувањето на крвта, кој го зголемува ризикот од срцев напад и мозочен удар.
Поздрава опција се секако незаситените здрави масти, кои ги чистат крвните садови од штетниот холестерол. Сите знаеме дека омега-3 масните киселини ја подобруваат циркулацијата на крвта и го намалуваат високот крвен притисок. Овие здрави масти ќе ги најдеме првенствено во маслата од растително потекло, како маслиновото, лененото, сусамовото масло, но и во рибиното масло.
Природното ладно цедено маслиново масло има многу малку или воопшто не содржи транс масни киселини.
Општо правило за зачувување на здравјето е: „Што е можно помалку вкупни масти“ и „Што помалку животински масти“ (поради количината на холестерол и заситени масти во нив).
Општото правило неодамна доби уште еден додаток:
„Што помалку транс масни киселини!“
