Што содржи договорот меѓу власта и опозицијата?

Објавено: 1 март, 2013, во 16:58 часот

Во интерес на објективното информирање на јавноста “Дума.мк“ го превзема интегралниот текст од денеска потпишаниот договор меѓу власта и опозицијата со што падна одлука опозицијата да оди на избори, но и да се врати во парламентот.

1. За враќање на нормалниот политички живот:

– сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори.

2. За поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:

– подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната  уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.

– изборна реформа, по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

– слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.

3. За изборниот календар:

– да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори.

– да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на  Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.

извор: БРИФ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.