Недостаток од сон=поголем внес на мрсна храна
Објавено: 1 март, 2013, во 12:31 часот
Како што наведува нова шведска студија, недостатокот од сон предизвикува поголема склоност кон конзумирање на високо калорична храна.
Истражувачите сугерираат дека тенденцијата кон висока доза на калории во студијата не влијаела на ситоста кај испитаниците, ниту пак на количината од веќе конзумираната храна.
Понатамошната анализа покажала дека лишувањето од сон доведува до промени во активноста на некои делови од мозокот кои се вклучени во потребата за внесување на мрсна храна.
