Маани и доблести на стресот!

Објавено: 1 март, 2013, во 10:46 часот

На секој во животот му е потребно малку стрес. Тоа е оној стрес што ве мотивира да станете од кревет наутро и ви дава виталност за секојдневните работи.

Стресот станува проблем кога го има во прекумерени количини, но и кога го нема. Ако стресот ви недостига во животот, многу лесно ќе станете, немотивирани, изолирани и ќе ви биде досадно.

Со цел да најдат мотивација во тие ситуации, луѓето често посегнуваат по алкохолот, дрогата, крминалот или некој друг облик на антисоцијално однесување.

Премногу стрес, од друга страна,пак, резултира со здраствени проблеми, вклучувајќи главоболки, стомачни проблеми, па дури и мозочни удари и срцеви заболувања. Исто така, доведува до чувство на лутина, вознемиреност, страв …и сите други особини кои го загрозуваат личниот и професионалниот живот.

Со цел да се решат од стресот, многу луѓе посегнуваат по работи кои не само што не се здрави, туку се и негативни и неефикасни.

Негативни начини на справување со стресот вклучуваат:

-Пиење алкохол

-Неприфаќање на постоечките проблеми

-Прејадување

-Пушење

 

Наместо овие штетни техники, треба да се фокусирате на следните:

-Одморете 30 или 40 минути, за да ги наполните батериите.

-Отидете на професионална масажа или замолете го партнерот или пријателите.

-Изразувајте се преку уметноста. Насочете ја енергијата во нешто креативно како цртање, свирење инструмент, пишување поезија, пеење или танцување.

-Насмејте се. Погледнете добра комедија или читајте вицови.

-Бидете нежни спрема себе. Посветете си доволно време, понекогаш разговарајте на глас со самите себе. Негативниот внатрешен глас влијае негативно на сликата која ја формирате за себе што води кон хроничен стрес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.