Филе, Ховит и Бузек денеска во Македонија!
Објавено: 1 март, 2013, во 08:40 часот
Во последниот обид да ги натераат Груевски и Црвенковски да ја разрешат политичката криза, пред 3 март, денеска во Скопје доаѓаат евро комесарот за проширување Штефан Филе и евро парламентарците Ричард Ховит и Јиржи Бузек.
Посетата на тројцата дипломати е со цел да ја натера власта да ја прифати одговорноста за 24 декември додека опозицијата да го прекине бојкотот, соопштија експертите.
Портпаролот на Филе, Петар Стано веќе соопшти дека целта на посредувањето е брзо решение кое ќе треба да резултира со позитивен извештај за Македонија, на пролет.
На твитер профилот, известувачот за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит напиша дека Европа е обединета во пораката дека е време да се стави крај на поделбите. /Б.Н


