Три дена, дел од Демир Капија без вода за пиење!
Демиркапијци три дена се без вода за пиење поради дефект на главната водоводна мрежа.
Станува збор за дел од градот за кој Звонко Кичуков директор на ЈКП Бошава рече дека екипи на претпријатието интензивно работат на отстранување на дефектот.
„Во вторникот дојде до оштетување на главната водоводна мрежа како резултат на зголемениот водостој на реката Бошавица од силните врнежи од дожд кои ги имавме деновиве и без вода за пиење останаа жителите од таканареченото Клисурско маало.Се работи за елементарна непогода,дефектот е во реката и до вечерва очекуваме тој да биде отстранет со специјални машини кои ги донесовме да работат со што проблемот со водоснабдувањето да се реши најдоцна до утре “,изјави Кичуков.
Во меѓувреме за граѓаните кои живеат во делот без вода за пиење им се обезбедува дотур со цистерна./
Б.Н.Т