Волонтирањето е корисно за срцето!

Објавено: 28 февруари, 2013, во 09:06 часот

Освен што се мисли дека волонтирањето е добро за душата,канадска студија,објавена на Универизитетот Британска Колумбија покажала дека волонтирањето е корисно и за срцето.

Тимот кој работел на ова,утврдил дека со волонтерската работа се подобрува кардиоваскуларното здравје и тоа најмногу кај оние лица кои се најголеми алтруисти,имаат најголема способност да сочувствуваат и ментално се најздрави.

Тимот од Британска Колумбија испитувањето го извршил на 53 канадски средношколци  кои се занимавале со волонтерска работа така што тие еден час во неделата биле ангажирани во водење на вонучилишни активности на основците од нивниот крај.

Во контролна група имало исто толку тинејџери кои се пријавиле за волонтерска работа но сеуште истата не ја добиле.

На сите нив на почетокот на испитувањето им бил измерен индексот на телесна маса, нивото на воспалителни процеси во организмот и на холестерол,фактори кои се битни за кардиоваскуларното здравје.

Исто така е утврден и степенот на самопочитување на испитаниците, проучено е нивното ментално здравје и расположение.

После десет недели е утврдено дека кај волонтерите е регистрирано пониско ниво на воспалителни процеси, холестерол и помал удел на маснотии во вкупната телесна маса во споредба со тинејџерите во контролната група./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.