Само што не започнало пролетното собирање на билки!
Објавено: 27 февруари, 2013, во 14:50 часот
Ако првите два месеца во годината билкарите беа ангажирани во собирање на мов и отровната имела, март е месецот кога природата се буди.
Toa значи дека сите оние кои се занимаваат со собирање на лековите и зачински растенија,во март, можат да ја започнат сезоната на собирање на растенија.
Агрономите советуваат во колку временските услови дозволат,на самиот почеток на месецот, ќе можете да почне потрагата по првите цветови на глуварчето и подбелот, а секако не треба да се заборави дека се берат и нивните листови.
Март е месец за собирање на младо копривче како и корен од глуварче. Се бере и белиот слез а не би било лошо при своите прошетки во природа,кон крајот на месецот, да соберете семе од мов и коприва.
Инаку зимскиот период за собирачите на лековите растенија беше идеален за собирање на лишај кој се бере ноќе, веднаш по топење на снегот или пообилен дожд. Лишајот е добар против кашлицата, бронхит, бронхопневмонија, ларингит и грип.
Чај од лишај се подготвува на тој начин што 10-25 грама од исушената билка се ставаат во 1литар вода и по триесетина минути се процедува.
Се пијат 2-3 големи чаши на ден./Б.Н.Т
