Кавадарци: Превривањето на водата и понатаму задолжително!
Првичните резулатати од анализите за бактериолошка и хемиска исправност на водата за пиење од водоводот Лукар се добри.
Се бележи присуство на резервен хлор во водата што говори дека истата е дезинфицирана, а при анализите не се најдени патогени бактерии, рекоа од Центарот за јавно здравје Кавадарци, од каде и понатаму се следи состојбата со исправноста на водата.
“Во утринските часови при редовното мерење на хемиските параметри на водата се покажа присуство на резидуален хлор во максимални граници, што значи водата е дезинфицирана. Калиум перманганатот се намалува. Бактериолошката анализа покажа дека во водата од Лукар нема присуство на патогени бактерии од фекално потекло, а е утврдено присуство нанепатогени бактерии кои не се воопшто штетни за здравјето на луѓето“ објаснува д-р Трајче Розов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Денеска се земени нови мостри на вода кои ќе се анализираат,а резултати ќе се добијат во петок. До тогаш на сила останува препораката за задолжително превривање на водата пред нејзина употреба. Според кажувањето на д-р Ризов, за да се симне препорката за превривање на водата потребно е да се добијат добри резултати од три последователни анализи./ А.Д