Блокада на Центарот за социјални работи!
Отпорашите денеска околу еден час го блокираа влезот на Центарот за социјални работи Кавадарци.
Се решиле на ваков чекор бидејќи се повеќе народот живеел во сиромаштија, а добивале празни ветувања од власта дека се зголемува социјалната помош. Дел од присутните на протестот беа и корисници на социјална помош, кои биле незадоволни од динамиката со која им се исплаќа помошта и субвенциите за електрична енергија.
“Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски не лаже и кажува дека ќе ни го покаче социјалното за 5 отсто. Тоа се 50 денари месечно, доволни да си купиме 5 јајца или една табла за една година. Лажат и за субвенциите за струја. Немаме земено по овој основ пари за цела 2012 година. Лажат и се рекламираат дека ги помагаат сиромашните, а тоа воопшто не го прават“ рече Васко Камчев.
Тој запраша зошто на социјалците за две три неплатени сметки ЕВН им ја исклучувала струјата, а се толерирале огромни долгови на партиски штабови.
“ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци должи четири илјади евра. На кое семејство што должи на ЕВН не му е исклучена струјата? За 2-3 сметки и исклучуваат. Прашањето е зошто се толерира ВМРО-ДПМНЕ со толку голем долг. Значи диктатурата е привилегирана“ нагласи Камчев.
По еден час блокада отпорашите си заминаа, но најавија дека со протести ќе продожат и наредните денови со цел да пружеле отпор на недемократската власт./ А.Д