Какви локални избори ќе имаме?

Објавено: 26 февруари, 2013, во 15:31 часот

Дали бојкотот најавен од опозицијата ќе има големо влијание врз локалните избори.?Дали намалениот број гласачи ќе го доведе во прашање легитимитетот на изборите? Ова се двете клучни прашања поврзани со претстојните локални избори.

„Може да се смета дека легитимноста е нарушена со тоа што главната опозициска партија не учествува на нив, но ова ќе биде потврда за нелегитимноста ако има намалена излезност во висина од 20 проценти од претходните локални избори“ рекол за “Радио Слободна  Европа“ универзитетскиот професорЗдравко Савевски.

Политичките аналитичари очекуваат легални, но не и легитимни избори.

„Може нема да стигне до степен нанарушување на законската легалност, со исполнување на цензусот, зошто тој законски веќе е одреден како мал, но секако ќе се одрази на легитимноста  на изборите, посебно во некој делови, во некои општини во Македонија, каде практично ќе нема конкуренција или избор“, вели Рамадан Рамадани од Институтот Нисма.

Ако се земе предвид искуството од претходните изборни циклуси, очекувано е излезноста на локалните избори да биде помала, потсетува професорот Савески. Според него, интересно ќе биде однесувањето на таканаречените неопределени гласачи, односно оние кои на претходните избори гласале не за СДСМ, туку против ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.