Рибата во слатинско езеро може да се спаси со мрежи!

Објавено: 26 февруари, 2013, во 14:02 часот

Охридските биолози добија барање од Инспекторатот за земјоделство да изнајдат решение за рибата во Слатинско езеро,на која и се заканува опасност поради  напукнување на браната, пренесува Лихнид.ком.

Се цени дека во езерото сега има околу триесет тони  крап, мрена, плашица и пастрмка.

Професот д-р Талески од Хидробиолошкиот завод  вели дека се бара начин за спасување на рибниот фонд на слатинско езеро.

„Ние во овој момент сметаме дека  рибите од езерото можат да се извлечат со мрежи и да се префрлат на друга,соодветна локација која треба да се одреди. Притоа е битно да се види каква е здравствената состојба на рибата,да не има некои заболувња,а дури потоа да се преместува. Најдобро би било рибата да се вади со влак, но сега во охридско никој нема влака  и кога би го имало, тој не може да се  користи во Слатинско езеро поради малата површина што тоа ја зафаќа. Затоа најоптимално решение е употребата на мрежи за извлекување на рибите. Треба проценка и околу тоа дали и кога може да влезат луѓе со мрежи,бидејќи ако дојде до нагло истекување на водата од езерото можат да настрадаат и рибарите. Тогаш би било беспредметно да се зборува за спасување на рибниот фонд“, вели професор д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод во Охрид.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.