Локалната самоуправа Кавадарци го осуди блокирањето на општинската зграда!
Според секретарот на локалната самоуправа, Ќире Делов, блокирањето на главниот влез на општинската зграда од четириесетина приврзаници на СДСМ и неколкумина од раководството претставувало беспримерен чин.
“СДСМ директно атакуваше врз основните демократски слободи и права на граѓаните, пред се правото на слободно и непречено движење, како и правото на извршување на работните задачи. Општината ниту во еден момент не помисли да го сопре правото на опозицијата да изрази револт кон нешто за што таа смета дека е неприфатливо за нивните мерила и стандарди, почитувајќи го тоа како демократско право на поединец или група“ рече Делов на прес конференција истакнувајќи дека за време на опозиционата блокада демонстрантите целосно ја блокирале влезната врата и не реагирале на апелите на собраниското обезбедување од внатре, истата да биде отворена.
Од оптшината рекоа дека работа на опозицијата е како ќе го изразувала својот протест и дека однапред ги имале пресметано последиците и реакциите од граѓаните.
“Граѓаните и вработените во Локалната самоуправа и подрачните министерства, буквално беа заложници на протестот. Да се протестира е едно, но да се блокира легална институција во нејзиното работење, а притоа злонамерно да се узурпира слбодата на движење на граѓаните со притисок и ширење страв кон нив и вработените, од страна на мала група самонаречени демократи, е тоа е нешто што го умее само СДСМ“ рече Делов. /А.Д