Се зголемува нивото на Тиквешко Езеро!
Додека граѓаните од поголемиот дел на земјата се справуваат со последиците од невремето и поројниот дожд, земјоделците од кавадаречко се радосни на дождот.
Последниве 24 часа наврнале 47 литри на метар квадратен. Обилните врнежи придонесоа за полнење на вештачката акомулација Тиквешко Езеро од каде се наводнува тиквешкото поле. Според информациите од Водостопанство Тиквеш денеска се бележи зголемен доток на вода во езерото за пет пати. “Моментално нивото на езерото е на три метри пред преливната шахта. Дождот придонесе значително да се зголеми нивото на вода“ рекоа од водостопанското претпријатие.
Агро стручњаците коментираат дека после долгиот сушен период обилниот дожд е одлична компензација. Ќе се зголеми влагата во почвата, а тоа позитивно ќе се одрази врз земјоделските кулутри.
Единствено проблем од поројниот дожд се создаде во водоводниот систем Лукар каде веќе два дена водата е заматена и е со жолто-кафена боја. Поради тоа сеуште е на сила препораката од Центарот за јавно здравја Кавадарци за задолжително превривање на водата пред употреба. / А.Д