Отпор пред зградата на општина Кавадарци!
Здружената опозиција околу еден час денеска го блокираше влезот во зградата на општина Кавадарци.
Опозиционите активисти покрај знамето на Република Македонија носеа транспаренти на кои пишуваше “Стоп за диктатурата“, “Пендрек држава“ , а извикуваа “Лопови, лопови“, “Грујо оди си“. Протести и блокади се најавија и за наредните денови пред институциите во Кавадарци.
“СДСМ и Сојузот за иднината продолжуваат со отпорот. Ова е начин на покажување реакција на активностите на актуелната власт. На 24 февруари донесовме јасен став дека ќе ги бојкотираме изборите, но тоа не значи дека во периодот на предизборната кампања нашите активисти ќе седат пред телевизорите. Ќе продлжиме секојдневно да пружаме отпор против оваа власт, бидејќи на фамозниот 24 декември беше брутално прекршена демократијата. Протестираме пред институциите бидејќи ги сметаме за нелегитимни“ рече Зоран Бањански секретар на ОО на СДСМ Кавадарци.
На прашањето дали во наредниот период протестите ќе се радикализираат, Бањански одговори дека немаат намера да прават инциденти туку ќе продолжеле со мирен отпор./ А.Д