“Достоинство“ против дезертерот од АРМ и министер за одбрана!

Објавено: 25 февруари, 2013, во 22:02 часот

Бранителите не се помируваат со фактот дека Талат Џафери, поранешен командант на ОНА е министер за одбрана.

Достоинство тргнува во  поход. Новиот минстер за одбрана Талат Џафери ќе го менува преку референдум, објави 24 вести.

 

Лидерот на партијата Стојанче Ангелов вечерва на работен состанок скова национална стратегија со која вели дека е време да се стави крај на како што вели исламскиот екстремизам.

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, вечерва најави дека ќе покрене иницијатива за спроведување референдум за оспорување на министерската функција на Талат Џафери.

“Нека не ми каже некој дека не може да оди да се потпише, убеден сум дека ќе собереме 150.000 потписи. Се надевам дека и членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат на референдум со кој Талат Џафери не може да биде министер за одбрана. Ние не правиме ништо против соживотот, рече Ангелов на собирот во Континентал.

Според Ангелов прашањето за референдумот според Ангелов ќе биде-дали сте за тоа припадници на вооружени групации кои учествуваа во конлфиктот во 2001 година,  да можат да бидат бирани за министри за полиција, одбрана или правда?

“Не се помируваме со фактот  дека ова е завршен чин. Не се согласуваме со изборот на Талат Џафери за министер за одбрана, тој тоа не го заслужува – рече Благоја Марковски, на вечерашниот протестен собир на партијата Достоинство.

Според Марковски,неодговорно било човек кој дезертирал од редовите на АРМ, штотуку ја соблече униформата на терористичката УЧК, по диктат на дневната политика да седне на една одговорна позиција, министер за одбрана./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.