Утврден редоследот на избирачкото ливче!
Објавено: 24 февруари, 2013, во 20:46 часот
Со ждрепка во Државната изборна комисија, денеска, беше утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори во Македонија.
Пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат три различни бројки на престојните локални избори. Сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под редниот број 18 на гласачкото ливче.
Во местата каде што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 19 партии, односно таму каде што ДОМ на Лилјана Поповска има своја листа, треба да биде под реден број 6.
Во местата, пак, каде што коалицијата брои 18 партии, односно таму каде што свои листи имаат и ДОМ и Партијата на Турците на Хасипи, ќе биде под реден број 4.
Стевчо Јакимовски во Карпош ќе биде под реден број 8.
Кандидатите за градоначалници и советници на ДУИ секаде ќе бидат под реден број 17, а оние на ДПА под реден број 22.
Утврдените листи на кандидати, во општините во кои за втор официјален јазик е признат јазикот на кој зборуваат најмалку 20 проценти, се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина./А.Ј
Извор:ДИК
