Попушти браната на Слатинско Езеро!

Објавено: 24 февруари, 2013, во 15:29 часот

Попладнево браната на Слатинското Езеро попушти, а големи количини вода започнале да се излева по полето и околните патишта, јавува Lihnid.com

Неколку нуркачи претходно се обиделе да го отворат главниот вентил за испуштање на водата, но обидот им бил неуспешен.

Според луѓето на теренот, станува опасно движењето по околните патишта околу езерото и отежнате пристапот до браната заради силниот налет на водата.

Жители од долниот дел на селото се евакуирани, во делот каде нема опасност од поплавување, а евакуирана била и целата стока.

Текстот е нa Лихнид.ком

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.