Индија со предупредување: внимавајте кога правите зделки со фирмите на Субрата Рој!

Објавено: 24 февруари, 2013, во 08:54 часот

Индиското регулаторно тело СЕБИ и официјално ги предупреди партнерите и потенцијалните соработници со компаниите на милијардерот Субрата Рој.

Медиумите во Индија јавуваат дека регулаторот ги предупредува инвеститорите и јавноста да бидат внимателни во бизнис зделките со оваа групација.

“Сите плаќања со Sahara India Real Estate Corp Ltd, Sahara Housing Investment Corp Ltd како и со тројцата директори -Vandana Bhargava, Ashok Roy Choudhary и Ravi Shankar Dubey, да се прават на  сопствен ризик, “ посочува регулаторот на пазарот во Индија, СЕБИ.

Контроверзниот бизнисмен и натаму ја бранува јавноста и во Индија но, и во Македонија со оглед на најавените грандиозни проекти.

Текстот е на Фактор.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.