Жителите на Слатино се евакуирани, поради пукнатата брана!

Објавено: 24 февруари, 2013, во 08:46 часот

Центарот за управување со кризи информирал дека браната кај селото Слатино во општина Дебарца пукнала и од истата истекнува големо количество на вода, пренесува Вест.

Жителите на Слатински Чифлик се евакуирани поради пукнатината во браната кај Слатино.

Сепак, Центарот за управување со кризи вели дека куќите се над нивото на водата.

На терен се наоѓаат екипи на Центарот за управување за кризи, од Министерството за внатрешни работи и од повеќе охридски здруженија, се со цел да се следи ситуацијата и да се реагира во случај на влошување на состојбата.

Според неофицијални информации, насипот на браната, изградена уште во 1963 година, попуштила и пукнала поради тоа што истата е направена од песоклив терен. 

Не може да се претпостави уште колку ќе издржи насипот, додека пак истекувањето на водата од браната е зголемено.

Извор: Вест

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.