Маглата ја намали видливоста на патиштата!

Објавено: 23 февруари, 2013, во 09:46 часот

Oд магла значително ја намалена видливоста на дел од патиштата во Македонија. На планинските премини Пресека видливоста е до 50 метри, а на Стража и Ѓавато до 100 метри.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. Има поставено светлосна сообраќајна сигнализација,семафори,за регулирање на сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. 

Внимателно да се вози и низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

 

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.