Министерот Димовски: Македонското млеко е безбедно за пиење!

Објавено: 22 февруари, 2013, во 17:33 часот

Досегашните анализи на мострите од домашното млеко биле негативни и не покажале присуство на канцерогениот афлатоксин.

Се засилува контролата и на увезената сточна храна, уведуваше денеска министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

 

Аферата  со токсично млеко во соседството добива нова димензија, политичка.

Српската Влада денеска обвини дека некој сака да ја уништи агроиндустријата во земјата, уверувајќи дека млекото што се наоѓа во малопродажба е исправно.

Во Хрватска производителот Дукат привремено го стопира откупот на свежо сурово млеко од 180 фарми во државата. Исто така издаде налог за повлекување на вкупните количини од малопродажба во Македонија.

Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека ќе прави вонредни контроли на секоја увезена пратка со млеко и млечни производи./Е.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.