Црвенковски до Филе: Спремни сме за дијалог!

Објавено: 22 февруари, 2013, во 16:47 часот

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска во одговор на писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, посочува дека наполно е свесен за делот на одговорноста што ја носи опозицијата во процесот на надминување на разликите и оти се подготвени за дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата.

Како и во изминатиот период ние во деновите што доаѓаат сме подготвени за политички дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата.

„ За жал, таква политичка волја барем во претходниот период не беше демонстрирана од страна на премиерот Груевски, кој сите иницијативи и предлози ги одби, а за што се надевам Вие сте  целосно информирани,“ наведува Црвенковски.

СДСМ  и здружената опозиција, се вели натаму, остануваат целосно посветени на одбрана на демократијата, почитување на правото и европската интеграција на Република Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.