Се гради тренинг центарот за туризам во Демир Капија!
Тој е единствен во државата и во него ќе се едуцираат граѓаните кои ќе можат да придонесат за развојот на туризмот.
Центарот се финансира со пари на ЕУ и е составен дел на проект зад кои стојат Македонија и Грција.
Изградбата на центарот чини 300 илјади евра и е дел од европскиот проект за прекугранична соработка со јужниот сосед.
„Во прилог ни се временските услови така да изградбата на центарот се одвива според утврдената динамика.Овој објект е дел од ИПА програмата и со него ќе се реши проблемот на недостиг на човечки ресурси во туризмот како и создавање на регионален центар за едукација на кадри од двете соседни земји“, рече Виолета Јнакова,советник за туризам при општина Демир Капија .
Според предвиденото,изградбата на центарот треба да заврши до месец јуни.
Во момeнтов се развиваат десет модули за тренинзи кои ќе се одржат во март и април за околното население од Македонија и Грција кои се заинтересирани да се вклучат во развојот на туризмот и угостителството.
Исто така се подготвува и прирачник за развој на алтернативниот туризам како и пет годишен акционен план за функционирање на центарот./Б.Н.Т