Коњско месо откриено во храна во Бугарија!
Објавено: 21 февруари, 2013, во 22:29 часот
Скандалот со коњското месо означено како говедско во храната што се прошири во Европската унија стигна и до Бугарија.
Владата во Софија соопшти дека со ДНК тест во Германија е утврдено дека во увезена смрзната храна, која е продавана во еден ланец на супермаркети, е откриено дека содржи 80 проценти на коњско месо.
Минатата недела, било побарано да се испратат на анализа примероци од смрзнани лазањи кои биле повлечени од супермаркет во Бугарија.
Коњското месо се појави ширум Европа во смрзнати готови јадења, кои се купуваат во супермаркети, но и храна која се сервира во рестораните, училиштата и болниците./A.J
