Поголема контрола на потрошената вода за пиење!
Нови електронски вентили се поставуваат на водоводната мрежа во Кавадарци.
Деновиве ЈП “Комуналец“ интензивно работи на вградување на 10 електронски вентили на магистралните и зонските линии, поради што деновиве има и повремени прекини во водоснабдувањето. Како што рекоа од “Комуналец“ веќе биле поставени седум електронски вентили, а во наредните денови ќе се поставеле уште три.
Оваа операција е во рамки на активностите за осовременување и ревитализација на градската водоводна мрежа.
Паралелно со работите на поставувањето на цефководот и прочистителната станица со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на Кавадарци и Росоман и ќе бидат укинати рестрикциите на вода за пиење.
“Прекините на водоснабдувањето по неколку часа во денот на разни локации во градот и населените места се должи на поставувањето на инструменти за далечинско управување –поврзување во „Скада систем. Тоа значи дека отсега па натаму, далечински преку монитори и посебен систем кој е сместен во просториите на “Комуналец” ќе се следи притисокот и протокот на водата. Со тоа ќе добиеме урамнотежување на притисокот на вода во водоводниот систем, а ќе ги намалиме и техничките загуби на водата“-објаснува раководителот на работната единица за водовод и канализација, Марјан Прескакулев. Притоа додава дека со целосното поставување на овој систем ќе се обезбеди оптимален режим на управување со водоводниот систем во градската мрежа, како и рамномерно и континуирано водоснабдување на сите водокорисници./ А.Д
.