Завршија и Британските награди, еве ги наградените!
Објавено: 21 февруари, 2013, во 00:31 часот
Погледнете ја листата на добитници на годинешното доделување на Британските музички награди како и ексклузивната галерија од добитниците.

Наградата за најдобар Британски машки соло артист ја доби Бен Ховард, кој исто така во рака понесе статуетка и за таканаречената категорија Биртански напредок.

За најдобар женски британски соло артист е прогласена популарната Емели Санде, додека за најдобра група се прогласени Мумфорд & Сонс.

За најдобар британски изведувач во живо се прогласени Колдплеј, а за најдобар женски интернационален изведувач статуетка понесе прекрасната Лана Дел Реј.

За најдобра интернационална група се прогласени Блек Кеис, додека наградата продуцент на годината отиде во рацете на Паул Епворт.

За најдобар машки интернационален соло артист е прогласен Френк Оушн, а награда за најдобар глобален успех ја понесоа Уан Дајрекшн.

Наградата албум на годината ја понесе Емели Санде за нејзиниот албум „Our Version of Events“, додека наградата на вечерта, односно наградата за најдобар британски сингл отиде во рацете на Адел за нејзината „Skyfall“.

