Во Софија – тензично со можен судир на две групи демонстранти!
Објавено: 20 февруари, 2013, во 19:10 часот
Оставката на Владата во Бугарија не ги смири граѓаните кои вечерва повторно, во знак на незадоволство од поскапувањето на струјата, се собрале на Оролов мост во Софија.
Тие тргнале кон зградата на народното Собрание каде пак во знак на поддршка на Боико Борисов биле собрани неколку стотини граѓани,скандирајки го неговото име.
По пат демонстрантите на местата каде вчера се судрија со полицијата и имаше повредени, вечерва, оставаа цвеќе. Тие скандирале „Мафија“ и „Сите надвор“ додека го вееле бугарското знаме.
Кога стигнале на платотот пред зградата на Собранието започнале препирка со поддржувачите на Борисов.
Се случил мал инцидент додека млад човек, симпатизерите на Борисов, ги прашал што прават таму.
Полицијата брзо интервенирала.
Двете групи си размениле свирежи но, немале физички контакти бидејки полицијата, жандармеријата и металните огради ги раздвоиле демонстрантите на оддалеченост од 20 метри./Н.Р
Извор: Агенција Стандард/ 24 Часа
