Хрватите јаделе лазањи со коњско месо!
Објавено: 19 февруари, 2013, во 22:59 часот
Лажно говедско е пронајдено во “ледовите“ смрзнати лазањи од 450 грама, произведени во Хрватска.
Првите анализи на примероци од производите со говедско месо во Словенија откриле присуство на коњска ДНК во еден од 29 тестирани производи.
Како што пренесе хрватски “Јутарњи лист“ коњско месо наводно е пронајдено во “Ледовите“ смрзнати лазањи. При нивното производство е користено месо од доставувачот “Традо СА“ од Луксембург.
Најголемиот светски производител на храна “Нестле“ поради скандалот со откриено коњско месо во производите од говедско, денеска, соопшти дека повлекува од пазарот во Шпанија и Италија дел од своите готови јадења.
Се повлекуваат две јадења со тестенини кои биле поштедени досега од овој скандал. Поради пронајдениот доказ за коњско месо , Нестле ќе ги повлече и змарзнатите лазањи кои ги дистрибуира компанија која се занимава со кетеринг.
И германскиот дистрибутер “Лидл“ најавил дека од своите продавници во Шведска, Финска, Данска и Белгија ќе ги повлече готовите производи со говедско месо,во кои е откриено коњско месо. Белгиската филијала на светскиот лидер во преработката на месо, бразилската компанија “ЈБС“ соопштила дека привремено ќе го прекине производството и продажбата на производи од месо од Европа./ А.Д
извор: kurir-info.rs
