Афлатоксин откриен уште во четири видови млеко во Хрватска!
Објавено: 19 февруари, 2013, во 18:38 часот
Аферата со Афлатоксин во трајното млеко продолжува. Според последните информации на Санитарната инспекција на министерството за здравство, од продажба поради зголемена концентација на овој токсин, се повлечени трајните млека на Дукат и Мегле.
Од 12 анализирани примероци на трајно млеко земени од малопродажба во Загреб во четири се откриени недозволиви количини на Афлатоксин М1. Две се произведени во Хрватска, Дукат и Мегле, а две во Босна и Херцеговина, Меркатор и Лидл, соопшти на прес конференција министерството за здравство.
Најмногу Афлатоксин е откриено во трајното млего на Мегле (0,364) потоа во млекото од Тузла Меркатор 0,152, во Дукат има 0,081 и во Лидл 0,074 микрограми Афлатоксин.
Поради тоа санитарната инспекција издаде налог да се остранат од рафтовите и веднаш да се повлечат следниве видови на трајни млека:
– трајно млеко Дукат со 3,8 % млечна маст, со рок на траење до 15.05.2013;
– трајно млеко Мегле со 2,8 % млечна маст, со рок на траење до 03.08.2013;
– трајно млеко Меркатор со 2,8% млечна маст, со рок на траење до 16.05.2013 и
– трајно млеко од видот Лидл со 2,8 % млечна маст, со рок на траење до 30.06.2013.
Сите примероци земени од млеката се испратени на понатамошна анализа во Виена. Продолжуваат строгите мерки на квалитетот на млекото.
Дозволената количина на Афлатоксин во литар млеко е 0,05 микрограми, според стандардите на ЕУ. Инаку тоа е еден од најопасните токсини кој е канцероген. Строгата контрола на суровините е единствената безбедносна мерка.
Извор: Дневник.хр
