Голема измама: Европскиот скандал со коњско месо се проширува!
Објавено: 18 февруари, 2013, во 15:42 часот
Лондон- Кога властите во Ирска направија рутинска проверка на неколку хамбургери, она што го открија ги направи нервозни: речиси една третина од месото во еден хамбургер беше коњско.
Ова откритие испрати шок бранови што ја зафатија цела Европа.
Откако минатиот месец се објавија вознемирувачките резултати од ДНК тестовите, коњско месо беше претставено како говедско во земјите како Обединетото Кралство, Франција, Германија, Шведска и Норвешка.
Британските власти во мали количества коњско месо, ширум Обединетото Кралство, исто така открија забранет лек кој во поголеми дози може да биде фатален. Главниот медицински службеник Сали Дејвис нагласи дека „навистина, има многу мал ризик “ за штета од контаминираното месо.
Како што се расчистуваат рафтовите во продавниците, снабдувачите во Ирска, Обединетото Кралство, Франција, Кипар,Холандија, Романија и други земји се под засилена контрола.
Некои во Западна Европа го вперија прстот во Романија каде забраната за коњи во градовите и економската состојба се наведени како причина за растечкиот извоз на коњско месо.
Ројтерс извести дека Романците инсистирале на фактот дека кога ја напуштило земјата, месото соодветно било обележабно како коњско.
Според истражителите во Франција, само една француска компанија за шест месеци направила профит од 733,800 долари продавајќи поевтино коњско месо како говедско, во продажен синџир во кој биле вклучени 28 компании во 13 земји.

Во компанијата „Спангеро“ минатиот петок протестираа тврдејќи дека не се виновни.
Еуропол чија вообичаена задача е да се бори против трговијата со оружје, наркотици и луѓе беше овластена да го истражи она што британските законодавци го опишаа како „меѓународен криминален заговор“. Три апсења, први во скандалот, беа направени во Британија, во четвртокот.
Некои службеници сметаат дека е откриен само „врвот на ледениот брег“, а во петокот ЕУ започна голема програма за ДНК тестови што треба да утврдат колкави количини на необележано коњско месо се продадени како говедско или друг вид на храна.
За Манмохан Соди, професор на Лондонскиот универзитет чија специјалност се мрежите на снабдувачи оваа вест е откритие.
„Ако зборувавте со мене пред еден месец ќе речев :Не, тоа никогаш нема да се случи, во целост верувам во системот на снабдување со храна“, рече тој.
Сега, неговата порака гласи „Внимавајте што јадете“./Н.Р
Извор : NBC NEWS
