Земјотресите во Грција почувствувани и во Македонија!

Објавено: 17 февруари, 2013, во 20:44 часот

Четири од серијата од вкупно 20 земјотреси во соседна Грција, денеска попладне, биле почувствувани на територијата на Македонија.

Најсилниот од нив, во 17.48 часот, е регистриран во битолско-ресенскиот регион со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во охридскиот регион со интензитет од 3 степени.

Во 13.06, 13.19 часот и во 13.40 часот биле регистрирани земјотреси во населените места од битолско-ресенскиот регион со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.

Дваесетината земјотреси што ги регистрираа апаратите на Сеизмолошката опсерваторија се со епицентри од леринското епицентрално подрачје, од соседна Грција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.