И Хју Грант по втор пат стана татко!

Објавено на 17 февруари, 2013 во 12:36

Познатиот британски актер Хју Грант денеска на Твитер соопшти дека по втор пат станал татко, пренесоа американските медиуми.

На социјалната мрежа ѕвездата од филмот „Четири свадби и еден погреб“ напиша дека е бескрајно среќен што неговата ќерка веќе има братче и дека тој и двете ги обожува.

Веста беше потврдена и од прес-агентката на Грант, Кери Гордон.

Првото дете на 52-годишниот Грант и кинескиот модел и актерка Тинлан Хун се роди во 2011 година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.