Земјотреси во Грција и Италија, луѓето бегаа на улица!

Објавено: 17 февруари, 2013, во 10:11 часот

Американското геолошко друштво објави дека потрес со јачина од 5 степени ја погоди Грција утринава во 6 часот и 42 минути. Земјотрес синоќа ја погоди и Италија.

Епицентарот на потресот во Грција бил во Средоземното море, 54 километри југозападно од градот Каламата на Пелопонез. Засега нема информации за штети или повредени во земјотресот.

Во истовреме земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер синоќа ја погоди централна Италија.

Се треселе стамбените згради во Рим, потресот го почувствувале и во неапол, како и во соседната област Абруцо  каде што потресот предизвикал паника меѓу населението, бидејќи во 2009 година во овој регион имаше земјотрес со јачина од 6,3 степени во кој загинаа 309 луѓе, а беа предизвикани огромни штети во градот Аквиле.

 

Извор: Танјуг

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.