Апокалиптични слики и паника во Русија: Град изненаден од метеорски дожд!

Објавено: 15 февруари, 2013, во 18:37 часот

Уралскиот округ во Русија денеска наликуваше на апокалиптичен научно-фантастичен филм. Метеорски дожд ги „нападна“ жителите на градот Сатка, во областа Челјабин.

Некои  од сведоците на настанот  тврдат дека слушнале 3-до четири експлозии и  ги заслепила силна светлина.

Различни медиуми во светот веќе објавуваат бројки за над 400 повредени, но на официјалните бројки ќе се почека.

Сите надлежни служби се испратени да ја увидат состојбата на лице место.

Дел од  експертите во Русија сметаат дека  настанот е поврзан со астероидот со пречник од 45 метри, наречена  2012 DA14, кој денеска минува крај земјата на далечина од 27,700 км, што е најблиску во историјата.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=7GRqK3OWLqs{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.