Најневерните американски градови!?
Објавено: 14 февруари, 2013, во 10:00 часот
Вашингтон е главен град на САД. Втора година по ред е и главен град на неверството.
Според објавата на AshleyMadison.com , град во кој најмногу оженети лица бараат неверство е главниот град кој по втор пат е наречен „најневерен во Америка“. Основа за овој назив се податоците собрани на веб страницата за неверство која откри дека во Вашингтон има најмногу членови по глава на жител, вкупно 34.157 нови членови.
Два града во Тексас, Остин и Хјустон се најдоа на второто, односно третото место. Основачот и генерален директор на „Ешли Медисон“, Ноел Бидерман, објаснува зошто не е изненаден што главниот град повторно се најде на топ листата.
„Со огромниот интерес на јавноста за политичките скандали со неверствата годинава, вклучувајќи ја аферата со генералот Петреус, несомнено жителите на Вашингтон се под влијание“, изјави тој за медиумите.
„Да се живее во главниот град е суштинско за појавувањето во јавност и затоа неверството стана начин на живот за најмоќните жители на градот“.
Неделава е значајна за „Ешли Медисон“,бидејќи како што тврди порталот, на денот по Св. Валентин, се најзафатени секоја година.
Во 2012-та, на 15 февруари порталот забележал пораст на пријавите за 439 проценти (ако се споредува со просечниот број на пријави дневно), во кои предничат мажените жени. Сепак, не дозволувајте бројките да ве залажат, неверствата не се многу проширени во САД.
Во 2010-та генералната социјална анкета спроведена од Националната научна фондација покажа дека 19 проценти од мажите изјавиле дека биле неверни во одреден момент од нивниот брак, што е намалување во споредба со 21 процент, во 1991-та.
Во меѓувреме, бројот на жени што изјавиле дека имале афера пораснал од 11 проценти во 1991-та на 14 проценти во 2010-та./Н.Р
Извор:HUFF POST
