Коњско месо во лазањи и шпагети!
Објавено: 11 февруари, 2013, во 22:47 часот
Аферата со коњското месо води кон романските кланици, а се прошири откако Британската агенција за сигурност на храната објавила дека во лазањите на “Финдус“ пронајдено повеќе од 60 отсто коњско месо.
Веднаш во Франција од трговската мрежа биле повлечени производите на “Финдус“ и “Комигел“ поради присуство на коњско во говедското месо. Се работи за познати производи на база на мелено говедско во лазањи, шпагети.
Истрагата во Франција покажала дека во нивните компании исто така се купувало замрзнато од романски дистрибутери. “Финдус “ кои имале фабрика во француски Минц пред да се утврди дека нивните производи имаат коњско месо, веднаш ги повлекле.
Романија годишно извезува коњско месо во вредност од 10 до 12 милиони евра. Коњите во рурална Романија најчесто се користат за влечење на запрежни коли, а тоа може да се види и во предградија на поголемите градови, вклучувајќи го и Букурешт. Кога коњите станувале стари за работа во земјоделство се продавале на кланици./ А.Д
Извор: Јутарњи лист
Фото: AFP
