Погледнете кои се најдобрите десет настапи на доделувањето на Греми наградите!

Објавено: 9 февруари, 2013, во 12:51 часот

Во очекување на утрешното 55 доделување на познатите музички награди, погледнете ги десетте најдобри настапи од 2000 година па се до сега, по избор на магазинот Billboard.

Списокот на изведувачите на 55 по ред доделување на Греми наградите кое ќе се одржи утре во Лос Анџелес, како што пренесува магазинот Billboard ни помалку ни повеќе е имресиониран од изборот на учесниците. Заеднички настап оваа година ветуваат Бруно Марс, Ријана и Стинг; Елтон Џон и Ед Шеран, а на списокот на изведувачи се наоѓаат и Тејлор Сфивт, Фан., Џастин Тимберлејк, Марун 5, Алиша Кис и други.

Додека се припремаме за новите Греми настапи кои за прв пат ќе ги видиме утре вечер, во продолжение, по изборот на редакцијата на магазинот Billboard, еве ги десетте најдобри настапи од 2000 година па се до денес.

10. 2012: Adele – „Rolling In The Deep“– пејачката испеа неколку тактови без придружба, да демонстрира дека после операцијата на гласните жици се е во ред, на големо задоволство на публиката.

9. 2006: Gorillaz, Madonna & De La Soul – „Hung Up“, анимираните Gorillaz, вистинскиот De La Soul и холограмот на Мадона, кој се преобразува во вистинската Мадона е најдобриот момент на 48 доделување на Греми наградите.

8. 2009: Radiohead & the USC Marching Band – оваа изведба на песната „15 Step“ во придружба на оркестар го натера и фронтменот Thom Yorke да заигра, па сега видете…

7. 2008: Kanye West & Daft Punk – кога раперот претходната година го објави својотсингл „Stronger“, беше јасно дека во прашање е момент кога ќе ја претстави соработаката со електронски бенд.

6. 2010: Lady Gaga & Elton John – Заедно, на еден огромен клавир, со исти очила, но она што е најважно Lady Gaga & Elton John!

5. 2009: T.I., Jay-Z, M.I.A., Lil Wayne & Kanye West – екипата насловена под името „The rap pack“ заедно на сцена, а шоуто го предводи M.I.A., која се породи три дена по настапот – комбинација која се гледа во живо само еднаш.

4. 2005: Melissa Etheridge & Joss Stone – ја изведуваат легендарната песна „Cry Baby“ на 46 доделување на Грами наградите, посветувајќи ја на незаборавната Janis Joplin.

3.  2012: Jennifer Hudson – во сеќавање на Whitney Houston ја изведува легендарната “I will always love you“

2. 2001: Eminem & Elton John – заедно ја изведуваат „Stan“. По овој настап, едноставно многу работи не останаа исти.

1. 2010: Pink – Glitter in the Air – По овие вокални и гимнастички акробации, иако пејачката не освои ни една Греми награда таа вечер, публиката со денови не престана да зборува за неа и нејзиниот настап.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=j9x0vLBMQVw{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.