Филип Божиновски со нова песна!

Објавено: 6 февруари, 2013, во 16:34 часот

Победникот на последниот циклус на М2 Проект: „Потрага по ѕвезда„ – младиот Филип Божиновски деновиве се појави со нова песна во македонскиот етер – “Те љубам без страв“.

Музиката ја напиша Ламбе Алабаковски, текстот е на Елена Ристеска, а аранжманот на Дарко Димитров. Песната е снимена во студиото „Димитрови„.

За прв пат Филип песната ја претстави на возобновениот, инаку некогаш многу популарен музички фестивал „Омладина„ што се одржа во Декември 2012 г. во Суботица, Србија. На овој фестивал Филип беше одлчично прифатен и беше тој единствен претставник од Македонија.

Деновите песната “Те љубам без страв“ е пуштена по сите македонски радија.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=JyLbQApDNjs&feature=youtu.be{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.