Франција: Ликвидирани стотина екстремисти!

Објавено: 5 февруари, 2013, во 23:27 часот

Стотина исламски екстремисти се убиени во Мали, јавуваат агенциите. Франција спроведе офанзива со цел да се потиснат екстремистите, соопштило француското министерство за одбрана.

Соопштувајќи го првиот официјален биланс на загинати од почетокт на офанзивата (11 јануари) министерството информирало дека во воздушните напади и во директни борби  загинале стотина екстремисти, но не сакале да го наведат точниот број на жртвите.

Министерот за одбрана Жан Ив Ле Дријен за француската телевизија BFMTV  рекол дека француските војници и нанеле голема штета на терористичката група, а како единствена жртва на француска страна го споменал погинатиот пилот на хеликоптер  и тројца лесно повредени војници.

Од март Франција планирала  да започне да ја повлекува својата војска од Мали каде во моментот имало 4.600 француски војници од кои 3.500 биле ангажирани во операцијата против исламистите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.