Игор Митровиќ за „влакно“ на Сан Ремо!

Објавено: 5 февруари, 2013, во 21:50 часот

Македонскиот пејач Игор Митровиќ со италијанска верзија на неговата „Малечка“ или „A meta“ за „влакно“ не настапи на италијанскиот реномиран фестивал Сан Ремо.

Всушност, Игор бил меѓу илијадниците нови ѕвезди кои пријавиле песна за учество на фестивалот. Влегол во петстотини избрани композиции, а подоцна и во најдобрите десет.

Десетте композиции кои жири комисијата ги избра за најдобри се вртеа по радио станиците во Италија, а само 6 од нив земаа учество во фестивалот. За жал Игор, по гласањето на публиката заврши на седмата позиција. Притоа, поради правилата на фестивалот песната не можеше да биде пуштена во етер, но сега имате можност да слушнете како звучи „Малечка“ на италијански односно „A meta“.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=BmLLzMJ0iCs&feature=player_embedded|308|200|0{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.