Лек за настинка!
Објавено: 5 февруари, 2013, во 10:22 часот
Се крие таму каде што не го очекувате …
Пијте кафе! Тоа ќе ви помогне оваа зима да го избегнете лежењето во кревет со пакет марамчиња.
Според резултатите од истражувањето спроведено со стручна публицикација Annals of Family Medicine, луѓето кои секојдневно пијат жешко кафе или врел чај имаат дури 53 проценти помали шанси во нивниот нос да заживее бактеријата Staphylococcus aureus која предизвикува настинка.
Задржувањето на таа бактерија во носната шуплина четири пати повеќе го зголемува ризикот за развој на инфекција од која ќе мора да се лечите, а за која ни антибиотиците не помагаат.
Инаку, тајната е во температурата, бидејќи жешките напитоци ги уништуваат бактериите кои настануваат во вашиот нос. Така што, ајде сите навалете на кафе!
