Зошто секогаш чуствуваме глад?
Колку протеини содржи вашата храна?
Ако станува збор за премногу мали количини, немојте да бидете изненадени што секогаш посегнувате по грицки кои навистина дебелеат…
Најновите истражувања покажуваат дека исхраната со малку протеини во човекот буди глад и ја предизвикува неговата желба за нездрави ужинки кои дебелеат. Кога во вашата исхрана ќе внесете повеќе месо, риба, јајца и лешници, велат експертите, ќе загубите речиси 1 килограм месечно.
Научниците откриле дека луѓето чиишто оброци содржат само десет проценти протеини, дневно внесуваат 260 калории повеќе од оние кои јадат оброци со 15 отсто протеини. Таквите луѓе не само што внесуваат повеќе калории туку земаат и меѓуоброци, и тоа со конзумирање на нездрави ужинки.
Научниците од Универзитетот Кембриџ во Сиднеј спровеле истражување во кое учествувале 22 испитаника. Сите биле со нормална тежина на возраст од 18 до 51 години. Некое време живееле и јаделе во научната установа. Иако исхранта на прв поглед изгледала исто, се разликувала во количината на протеини. Со помош на таквите методи научниците откриле дека протеинот е од суштинско значење за одржување на нормалната телесна тежина.
„Откривме дека дел од луѓето имаат силен апетит поради протеините. Ако со исхраната не ги внесувате доволно, ќе се засили апетитот и гладта за нездрава храна, а тоа води до зголемување на телесната тежина”, објаснува лидерот на истражувањето Алисон Грозби.
