СДСМ ќе ги враќа пратеничките мандати!
СДСМ повика на одржување фер и демократски парламентарни избори како единствен начин за излез од полиитчката криза.
Генералниот секретар на партијата Андреј Петров рече дека, наспроти изјавите на Премиерот Груевски, СДСМ не се повлекува и дека ќе одат до крај за остварување на целта, враќање на демократијата и нови парламентарни избори.
„Сакам да порачам да не се лажат од власта дека СДСМ омекнува во своите позиции. СДСМ не само што има намера до крај да опстои на своите позиции спремен е во овој период да разговара, но без договор за одржување предвремени парламентарни избори СДСМ нема да се врати во парламентот и нема да учествува на претстојните локални избори.„
Петров дури најави и вараќање на пратеничките мандати
„Ќе ги вратиме мандатите, а целокупната одговорност за продлабочување на политичката криза, која е најголема во последните 10 години ќе биде на контото на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го посакуваме тоа, меѓутоа немаме намера да прифаќаме ултиматум од страна на Груевски,„ рече Петров.
Според Петров се помали се шансите да се надмине оваа состојба.
До кризата во земјата дојде по буџетските настани, кога пратениците на опозицијата беа исфрлени од собранието, а Буџетот беше изгласан без амандманите на СДСМ и останатите опозициски пратеници.
Оттогаш наваму почнаа серија протести на опозицијата низ целата држава.
Власта, во меѓувреме ги закажа локалните избори за 24 март.
СДСМ бара, заедно со локалните одржување и на парламентарни избори.
